Османи: Од првиот ден сум ангажиран за ослободување на Морина
Вицепремиерот Бујар Османи вели дека дека лично од првиот ден е ангажиран за ослободување на Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен пред пет дена на граничниот премин Блаце, по потерница на Интерпол.
Според него судството во земјава треба да ги помине потребните судски постапки се додека министерството за правда донесе одлука за не екстрадирање на Морина.
Во меѓувреме, новинската агенција Танјуг објави дека од српското министерство за правда добиле потврда дека Србија побара од Македонија да ѝ го екстрадира Морина.