Османи - Гервала-Шварц: Дијалогот предводен од ЕУ придонесува за регионалната стабилност

Билатералните перспективи, улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово и дијалогот предводен од ЕУ беа централните теми на кои разговараа Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни  Бујар Османи и министерката за надворешни работи, Доника Гервала-Шварц за време на нивната денешна средба во Приштина. 

Османи истакна дека Северна Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи, чиј континуитет треба да се надгради, потенцирајќи дека инвестицијата во добрососедство, особено во нашиот регион, е влог во иднината.  

„Ја искористивме оваа можност дополнително да ги разгледаме нашите билатерални перспективи и да разговараме за улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово. Ќе продолжиме да го поттикнуваме позитивниот политички дијалог и позитивната клима“, рече Османи.