Османи-Блинкен: Благодарни сме на вашето претседавање со ОБСЕ во овој многу тежок период
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија.
- Завршивте исклучително добра работа, ја проширивте мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки.
Ова е пораката што ја испрати американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата со шефот на македонската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи
- Благодарни сме на вашето претседавање со ОБСЕ во овој многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. - порача Блинкен.
Соговорниците се осврнаа и на нашето претседавање со ОБСЕ, при што беа истакнати заложбите на Северна Македонија за надминување на предизвиците со кои се соочува организацијата, како и целокупната поддршка од САД во тој процес. Заеднички ја поздравија одлуката што го отвара патот Малта да биде иден претседавач со ОБСЕ во 2024 г., со што се надмина кризата со која се соочуваше организацијата и претставува значаен успех за нашето претседавање и иднината на ОБСЕ.