Османи - Бербок: Прво уставни измени, а потоа ќе се отвораат преговарачките кластери
Македонија направи големи компромиси и отстапки поаѓајќи од промената на името на земјата, па се до постигнувањето на согласност за промена на Уставот.
Договорот со Бугарија не беше лесен, Уставот не се менува постојано, но тоа се важни чекори и затоа е важно во вакви моменти да не се водат црно-бели дебати - порача шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок која престојува во еднодневна посета на Македонија.
Со нејзиниот македонски колега Османи рекоа дека очекуваат широка поддршка во парламентот за уставните измени и тргање настрана на партиските интереси.