Османи: Ако не ги почнеме преговорите, ќе има меѓуетнички тензии

Шефот на дипломатијата во нов обид да ја аргументира позицијата на МНР дека предлогот е прифатлив. Отфрлањето на францускиот предлог ќе донесе безбедносни ризици и меѓуетнички тензии, порачува шефот на дипломатија Османи.

Според него во време на војна во ЕУ не треба како што вели Османи - да се зборува со лажни интерпретации дека Македонија ќе биде бугаризирана и дополнително дека е неодговорно и срамно да се водат партиски битки за вакви важни прашања. 

- Ако ние кажаеме НЕ, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илијадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илијадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затопа што нема иднина. Ќе почнат тука тензии меѓуетнички, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани. Ќе ја имаме најтешката криза оваа година. - рече Османи. 

Османи тврди дека македонскиот јазик е чист и дека само во записникот при усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија ќе бидат вметанти две изјави бугарска и македонска и дека понатаму во процесот на преговори бугарската изјава нема да донесе никаква штета, односно  нема да има никаква правна пречка или тежина за преговарачката рамка.

- Мислам дека нивната според португалскиот предлог - тоа е нивниот став дека не постоел пред 45та и дека бил еден од нивните дијалетки како изјава во записникот која што ЕУ не ја прифаќа. Ако се оди по португалскиот предлог ќе треба да оди македонскиот јазик е официјалниот јазик  на Р. Северна Македонија којшто современиот македонскио јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна. - рече Османи.

Според Османи фокусот на членот 12 од Договорот за добрососедство со Бугарија  не значи ништо затоа што според него штом се споменува Договорот со Бугарија тој ги опфаќа сите членови па и членот 12 и ова издвојување според него не прави никаква правна разлика. Тврди се правела погрешна перцепција. 

А поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере во интервју за тв 24 анализира дека предлогот има многу опасни елементи кои вметнуваат историски прашања во прегворите со ЕУ и Македонија мора да реагира. 

- Македонската влада треба експлицитено да бара документ инкорпориран во првата меѓувладина конференција каде ќе биде јасно дека членот 12 од договорот за добрососедство нема да биде злоупотребен за вето и нови блокади за време на процесот. Овој документ е отровен пехар кој - да ќе ги отвори преговорите но под ужасни услови. - вели Ерван Фуере екс евроамбасадор во МК. 

Османи денеска откри дека Протоколот со Бугарија вчера се усогласувал во делот на вметнувањето на Бугарите во Уставот и дека допрва ќе биде објавен.