Османи: 2030-та е реална цел за вклучување на Балканот во ЕУ
Kрајно време за ЕУ да го реализира и потврди отворениот пат за Западен Балкан кон членство во ЕУ, даден уште во 2003 година, 2030-та е реална цел за обединување на европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ-порача шефот на дипломатијата Бујар Османи на Балканскиот форум во Будимпешта.
Таму е во друштво на неговиот унгарски колега Петар Сијарто, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија Олта Џачка и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.