Осма жртва од западнонилска треска во Македонија
Западнонилската треска ја зеде осмата жртва. Почина 70-годишен жител на скопско Драчево, кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Информацијата за Телевизија 24 ја потврди министерот за здравство Сашко Клековски. А споре информации од инфективната клиника пациентот имал повеќе коморбидитети и подолг период се лекувал на клиниката....
„Пациентот се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а летална состојба настана во текот на вчерашниот ден. Пациентот беше со повеќе коморбидитети. Повеќе информации ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден“, велат извори од инфективна....
Телевизија 24 направи обиколка на еден од најпогодените региони во главниот град – Драчево – и ги праша граѓаните како се справуваат со состојбата предизвикана од зголеменото присуство на комарци и ширењето на вирусот.
Дел од нив кои говореа пред камерата на Телевизија 24 имаат поделени ставови. Едни сметаат дека не се преземени доволно мерки за заштита од комарци, додека други тврдат дека надлежните активно постапуваат на терен.
Инаку, Македонија е меѓу најпогодените земји во регионот според бројот на заразени и починати лица како последица на вирусот Западен Нил, мерено по глава на жител.
Негативниот тренд го делиме со земји како Италија, Романија и Грција. Меѓу најпогодените општини во Скопје се Кисела Вода, Бутел и Аеродром, а според последните информации, во Институтот за јавно здравје се испитуваат нови сомнителни случаи, кои со потврдените 56 пациенти, заедно со осумте смртни случаи, го надминува вкупниот број регистрирани случаи во земјава во последните десет години.

