Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

Ослободиделна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Судот донесе одлука дека единствен виновен за трагедијата е Васил Јованов, иако сообраќајната несреќа се случи со возило во сопственост на неговиот татко.

„Кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола“, соопштија од Кривичниот суд.

Фросина Кулакова почина кон крајот на јануари минатата година откако Васил Јованов, пијан, без возачка дозвола, на црвено и на пешачки премин удри во неа додека го поминувала булеварот.