ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ДВАЈЦА ЛЕКАРИ ВО СЛУЧАЈОТ СО МЛАДИОТ БОРО СТАЈИЌ
Foto

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ДВАЈЦА ЛЕКАРИ ВО СЛУЧАЈОТ СО МЛАДИОТ БОРО СТАЈИЌ

Нова трета по ред ослободителна пресуда за двајцата лекари во случајот со младиот парализиран Боро стајиќ од Скопје донесе денеска судијата од Основниот суд во Охрид. Тој не утврдил грешка во терапијата на лекарите кои по падот во Охридското Езеро, во 2012 година го примиле на преглед Стајиќ. Обвинителот вели дека ваквата одлука ќе биде повторно обжалена пред Апелациониот суд во Битола, и ако повторно падне по четврти пат случајот ќе се врати во охридскиот Основен суд. Овој случај се провлекува низ судница со години. Обвинителот и вештаците на се изјаснија дека врз основа на доказите, целосната парализираност кај момчето настанала поради евидентни пропусти во лекувањето, односно не соодветна мобилизација и транспорт. Лекарите се бранеа дека момчето тогаш било во тешка алкохолизирана состојба и дека тие постапиле согласно должноста.

0 Коментари

Остави коментари