Ослободени уште 10 израелски заложници

Хамас ослободи нови 12 заложници. Десет од нив се израелски државјани, а двајца се Тајланѓани на возраст од 17 до 84 години, потврди израелската армија. Тие го напуштија Појасот Газа и во придружба на тимови на Црвениот крст се превезени на израелска територија.

Петтата група на ослободени Палестинци од израелските затвори, пак, се очекува да брои 30 лица, по 15 жени и деца, сите на возраст под 18 години.

Портпаролот на израелската војска ја повика меѓународната заедница да изврши дополнителен притисок врз палестинската милитантна група за пуштање на слобода и на преостанатите киднапирани лица кои се држат во енклавата.