Осигурување пред летување - неопходна заштита или трошок што граѓаните го избегнуваат?

Летната туристичка сезона е во полн ек, речиси секое второ семејство ужива на море, а патувањата ни носат нови места, нови луѓе и незаборавни моменти. Но, колку и да е добро испланирано едно патување, секогаш постојат ситуации кои не можеме да ги предвидиме.

Болест, повреда, алергиска реакција, изгубени документи или потреба од итна медицинска помош се ситуации кои можат да му се случат секому. Ваквите непријатни ситуации дополнително може да се искомплицираат, особено кога сме далеку од дома. Па, прашањето кое се отвора е, дали и колку македонските граѓани практикуваат да имаат патничко осигурување за време на одмори? 

Во некои земји, дури и еден итен преглед или неколку часа престој во болница можат да чинат стотици или илјадници евра.

Важно е да се знае и дека доколку е потребен посериозен третман, медицински транспорт или хоспитализација, трошоците можат дополнително да се зголемат. Патничкото осигурување е создадено токму за вакви непредвидени ситуации, за тие да не се претворат во голем финансиски товар, додава претседателката на Националната асоцијација на туристички агенции. 

Инаку, освен познатите грчки острови, Црна Гора и Хрватска, ова лето една од најбараните дестинации за одмор на граѓаните од регионот е и Малта, која влегува во топ 10 најбарани летни дестинации за 2026 година.