ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владимир Панчевски
Foto

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владимир Панчевски

Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски, денеска му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет. Веста за притворот на Панчевски, ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење”, од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

На денешното рочиште за предметот „АКМИС”, кој се води во ОС Велес, не се појавиле ниту обвинетиот Пачевски, а не бил присутен ниту неговиот правен застапник.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат. 

0 Коментари

Остави коментари