Оризопроизводителите револтирани: „Замрзнати цени - замрзнато оризопроизводство“
Замрзнати цени - замрзнато оризопроизводство, вака производителите на белото злато ја коментираат новата одлука на Владата за замрзнување на цените на јајцата и оризот од домашно производство.
Кочанските оризопроизводители револтирано тврдат дека состојбата со одгледување и производство на оваа земјоделска култура и така е на работ на економска издржливост, а замрзнувањето на цената може само да го намали бројот на оризопроизводители.
Оризопроизводителите додаваат дека штетата ќе биде голема, откупувачите ќе им ја намалат откупната цена на оризовата арпа и тоа на самиот старт на пролетната сеидба. Тие се децидни во своите тврдења дека оваа пролет нема да бидат посеани поголеми површини, бидејќи нема да им се исплати. Инаку, оваа одлука на Владата ќе важи до крајот на следниот месец.