Оризопроизводителите реагираат на состојбата со увезен ориз од странство кој се продава како кочански
Увезен ориз се продава во маркетите како кочански, алармираат оризопроизводителите. Тие реагираат дека импортираниот ориз од земјите од далечниот Исток го руши квалитетот на кочанското “бело злато“ и бараат Инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот за да се спречи како што велат, овој криминал.
Максимов дообјаснува дека ниската цена на увезениот ориз се должи токму на тоа што истиот не е квалитетен. Во оваа индустриска гранка владее анархија и Инспекторатот треба да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба, посочува Максимов, бидејќи и во пресрет на новата сезона поради задоцнетата сеидба, оризопроизводителите стравуваат дека жетвата годинава ќе биде уште посиромашна.
Оризопроизводителите бараат откупна цена за оваа реколта од најмалку 45 денари во зависност од квалитетот и очекуваат на пазарот килограм оризова арпа да достигне цена од 50 денари.
Инаку, во моментов воопшто не се откупува ориз, бидејќи сè уште ја чекаат откупната цена од надлежните и даваат рок од десеттина дена, во спротивно велат ќе се подготвуваме за протести.

