Оризопроизводителите протестите ги ставаат во мирување до петок
Foto

Оризопроизводителите протестите ги ставаат во мирување до петок

Кочанските оризопроизводители протестите ги ставаат во мирување, по денешната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Добиле ветување дека ќе ги добијат редовните субвенции, но и дополнителни три денари за килограм арпа.

Министерот Аријанит Хоџа им ветил дека лично ќе го следи откупот во екот на жетвата. Сепак според Министерството дополнително ќе се одлучува дали  трите денари ќе бидат по килограм предадена арпа или по обработлива површина.

- Договорено е откупувачите да ја почитуваат откупната цена од 20 ден за сортата Сан Андреа и 17 ден за другите сорти по килограм. Скоро сите откупувачи, до Министерството доставија ценовник согласно овие цени, со ветување дека нема да одат под договореното, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оризарите имаат и проблем со овогодинешната жетва. Поради врнежите ќе доцни најмалку десетина денови, а во амбарите сеуште им стои и 40 проценти од ланската реколта.

0 Коментари

Остави коментари