Оризопроизводителите излегуваат на масовен протест ако нема дополнителни субвенции за реколтата од 2021г.
Неисплатените дополнителни субвенции за оризовата реколта од 2021 година да се исплатат до крајот на месецов но и да се утврди производната цена на оризовата арпа пред пролетната сеидба, побараа оризопроизводителите од кочанско кои како што велат доколку не добијат исплата или барем конкретен одговор ќе излезат на нови масовни протести.