Оризопроизводителите бараат исполнување на ветеното, а Димковски им порача: „Помалку политика во земјоделството“
Foto

Оризопроизводителите бараат исполнување на ветеното, а Димковски им порача: „Помалку политика во земјоделството“

Ако за четири дена премиерот Заевкој е и министер за финансии не излезе и каже кога ќе се исплатат ветените од лани пет денари по килограм оризова арпа, протестите ќе се радикализираат. 

Вака се заканија оризопроизводителите од кочанско, кои денеска излегоа на предупредувачки протест. Со земјоделска механизација утрово два часа блокираа една коловозна лента од патот Штип – Кочани, кај селото Облешево. Се чувствуваат излажани оти им било ветено дека парите ќе ги добијат до крајот на мај. 

Наместо премиерот Заев, кого денеска го прозваа, оризопроизводителите одговор добија од министерот за земјоделство Трајан Димковски. Тој вели дека пред десет дена на овие земјоделци им кажал дека парите ќе ги добијат веднаш по ребалансот на буџетот. Оваа мерка е интервентна, бидејќи и државата проценила дека цената на оризот и арпата при последниот откуп била ниска.

Но, предност за исплата имаат редовните, па потоа се исплаќаат интервентните субвенции, вели министерот Димковски, кој во денешниот протест виде и политика..

На прагот на новата реколта, оризопроизводителите бараат повисоки откупни цени, за оризовата арпа најмалку 25, а за белиот ориз 50 денари по килограм. Од друга страна, министерот димковски вели дека бараат решение како да се исплатат заостанатите субвенции, за пред секоја реколта, земјоделците да имаат чисти сметки.

0 Коментари

Остави коментари