Oригиналниот FIFA World Cup трофеј пристигнува во Скопје

Првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја ќе биде дел од петтата турнеја на FIFA World Cup трофејот организирана од Coca-Cola, официјалниот спонзор на настанот. Оригиналниот и единствен златен FIFA World Cup трофеј денеска пристигнува во нашата земја.

Оригиналниот трофеј изработен од чисто злато, доделен на победникот на Светското првенство во фудбал на ФИФА (FIFA World Cup) во рамки на официјалната церемонија, ќе пристигне во Скопје како дел од светската турнеја на FIFA World Cup трофејот.

Трофејот, заедно со амбасадорот на ФИФА, Жилберто Силва, пристигнуваат пред почетокот на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup) во Катар и е оригиналниот трофеј што ќе му биде доделен на наредниот победник на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup). 

Турнејата на оригиналниот World Cup трофеј овозможена од Coca-Cola ќе патува кај 54 фудбалски нации, покривајќи ги сите конфедерации на ФИФА. Македонскиот настан кој е дел од големата турнеја на FIFA World Cup трофејот - спектаклот што уште повеќе ќе ја зајакне нашата позиција на светската фудбалска мапа.