Ѓоргоноски во Аргумент плус: Пласманот на Европско е резултат на силна борба

Ракометниот аналитичар, Горан Ѓоргоноски во Аргумент плус рече дека, најважно е тоа што Македонија се пласираше на Европското првенство.

Според него, за нашата репрезентација нормално е да се падне во група со репрезентации како Словенија, Португалија или Хрватска.

„Најважно е дека Македонија е на Европско првенство. Мојот впечаток е дека јавноста го прима здраво за готово ова но тоа е едно силно натпреварување. Ние се пласиравме и на Светско првенство со играта со Фарски острови и покажавме дека знаеме да одиграме и тоа ни даде за право да размислуваме дека Европското првенство го зедовме лежерно. Од она  е што може да се извлече е дека квалификациите беа во тежок период, се случи и Кочани, имаше и повредени. Но имавме добра игра и кога бевме ставени во некаков ќош“, рече Ѓоргоноски.

Тој рече и дека за нашата репрезентација нормално е да се падне во група со репрезентации како Словенија, Португалија или Хрватска.

„На Европско треба да се има среќа за да се добие поволна група, за нас е ова нормално да го извелечеме. Дали ќе биде Словенија, Португалија или Хрватска тоа се репрезентациите што можат да ни паднат“, додаде Ѓоргоноски.