Ѓоргиевски: Нема што да дебатирам со Арсовска, нека разговара со надлежните органи
Поранешни политичари кои што имале можност да работата во интерес на граѓаните на Скопје нема што со мене да комуницираат, таквите луѓе треба да разговараат со надлежни институции вели градоначалникот на Град Скопје,Орце Ѓорѓиевски.
Ваквата изјава доаѓа по повикот на поранешната градоначалничка Арсовска за телевизиски дуел и соочување на аргументите – Ѓорѓиевски дециден дека неговиот фокус се граѓаните и градот за кој граѓаните го гласаа.
„Што се однесува на бивши политичари кои што имале шанса дадена од граѓаните но го потрошиле за апсолутно ништо мандатот немам што да коментирам - тие треба со други институции да разговараат не со мене. Мислам дека мојот фокус во наредниот период средување на сосотојбите со хаосот и нередот што го оставиле во градот Скопје.“ - вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски одоговори и на повикот на јавното обвинителство – рече дека за сите негови изнесени наводи ќе достави документација до обвинителството лично.
Арсовска побара и објава со имиња и презимиња на сите 500 вработени, со податок кој од кога не доаѓал на работа, за – како што тврди – „да се види дека лажеш“.Ѓорѓиевски вели дека постојат институциите кои треба да се вклучат и посочи дека секој што згрешил треба да одговара.

