Ѓоргиев за ТВ24: Бугарската војска овде беше окупатор за време на Втората светска војна
„Ако мислите на присуството на бугарската војска овде, тогаш тоа е јасно дефинирано, не само во нашата историографија, туку и во европската како окупација“ вели Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија во изјава за ТВ24.
Тој вели дека тоа е формално правно окупација и тоа не може поинаку да се дефинира, ставот на македонскиот дел од Комисијата е едногласен.