Организирана акција - во 26 земји запленети 50 тони кокаин
Foto

Организирана акција - во 26 земји запленети 50 тони кокаин

Во мултилатерална морнаричка операција, во која учествувале 26 земји, за 45 дена запленети се 50 тони кокаин, соопшти претседателот на Колумбија Иван Дуке.

Операцијата „Орион В” почнала во април и траела до 15 мај, а во неа се уапсени 150 луѓе и запленети се десетици пловила и четири авиони.

Колумбискиот министер за одбрана Карлос Трухиљо информира дека вредноста на запленетата дрога е 1,7 милијарди долари и дека би можела да се спакува во 126 милиони дози.

Во операцијата биле запленети и седум тони марихуана во вредност од 36,7 милиони долари.

0 Коментари

Остави коментари