Организаторите на кампот за сексуално образование молчат, обвинителството истражува

„Есенски бакнежи, секс, извидници и рокенрол“, била темата на кампот кој што се одвивал изминатиот викенд токму овде во овој Извиднички дом Градовци којшто се наоѓа над општина Зелениково, а каде според дел од написите во медиумите учествувале околу 40-тина средношколци.

Веднаш по завршување на кампот дел од родителите на овие средношколци обвинија за скандалозни сексуални активности токму на овој камп насловен како „ Есенски бакнежи, секс, извидници и рокенрол“.

На терен, во дворот на извидничкиот дом Градовци расфрлени брошури со едукативен карактер за сексуална едукација и превенција.

Во разговор со еден од жителите на Зелениково, вели единствено што забележал викендов е децата кои биле дојдени на капмпот.

Кампот бил наменет за извидниците над 16 годишна возраст а организатори се „Прв скопски извиднички одред“ - од таму денеска никој не одговараше на телефонските повици и пораки за да ја објаснат програмата по која се раководеле но и тоа кои се биле обучувачи на кампот.

Од МВР информираат дека родител на малолетно лице го пријавил настанот во полициска станица за што постапуваат по наредба на обвинителството. Од обвинителството велат дека:

„Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба.“ - велат од ОЈО.

Неофицијално, организаторите на кампот биле повикани на информативен разговор во МВР. Скандалот го обелодени „Слободен печат“ со целосни сведоштва на родители чии деца учествуѕвале на извидничкиот камп. 

Директорката на Центарот за социјални работи Скопје, Наташа Станојевиќ  денеска, телефонски, одби да даде било какви информации за скандалот со извидниците, во истиот момент кога беше прашана за кампот во кои се инволвирани средношколци го прекина разговорот. Првиот скопски извиднички одред  финансиски бил помогнат од Градиот Скопје од каде денеска преку соопштение се оградија од активностите кои се одвивале за време на кампот и појаснуваат дека го прекинуваат договорот со Првиот скопски извиднички одред.