Организацијата на работодавачи ја обвини владата дека слабо работи, Мицкоски им рече дека имаат погрешна перцепција
Дали новата влада навистина не направила ништо за бизнисот и ја заобиколила бизнис заедницата, како што тврдат од организцијата на работодавачи. Премиерот Мицкоски запрашан за коментар на изјавата што ја даде претседателката на организацијата на работодавачи Владанка Трајковска рече дека има поинаква перцепција од неа.
Тој комуницирал со бизнисмените и сите имале спротивно мислење од она на претседателката. Премиерот смета дека оценката е дадена без консултација со работодавачите.
Трајковска пак посочи дека се било на ветувања, дека немале никакви информации, ниту кога ќе можат да аплицираат за парите од кредитот од Унгарија, и дека во моментов нема никакви конкртетни бенефити за стопанството.
Бизнисот и синдикатите се во очекување и на одржување на прва седниоца на економско- социјалениот совет, на кое сите инволвирани се вклучени за решавање на проблемите: работодавачите, Владата и синдикатите.

