Ѓорчев за ТВ 24: Вината за спорот со Бугарија е наша, зошто влеговме неподготвени во дијалогот

Поранешниот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев во емисијата 24 Отворено рече дека сегашната влада ќе биде добра за Бугарија зошто по пет изборни циклуси лидерите на партиите конечно го разбрало гласачкото тело.

- И претседателот Радев помогна со одложување на давање на мандатот на ГЕРБ. Бугарија ќе добие многу во делот на буџетот. Во однос на Македонија нема да има промени, секој политички субјект таму ги има определено своите цели кон Македонија и знаеме со што се соочуваме. Вината за спорот со Бугарија е наша, зошто влеговме неподготвени во дијалогот. Требаше да им ги знаеме нивните принципиелни ставови кон нас. Очекувам дека тие ќе бидат добронамерни, но не може да излезат од матрицата на Бугарската Академија на науките. - рече Ѓорчев.