Ѓорчев за ТВ 24: Македонија и Бугарија се должни заради европската иднина да не дозволат да се случат инциденти
Марјан Ѓорчев поранешен амбасадор во емисијата 24 анализа рече дека денот на раѓањето на Гоце Делчев е свечен ден и тогаш државата треба да биде ден, каде таа е покаже беспрекорна организираност.
- Сето она што се случува е како подгревање на тензии и е еден фолклор кој Бугарија го негува подолго време. Сето тоа се причинско последични постапки кои ги отежнуваат дипломатските односи на двете земји и водат кон вакви состојби каде двете држави со своите институции се должни заради европската иднина да не дозволат да се случи нешто што ќе биде навреда на Гоце Делчев и македонскиот народ. - рече Ѓорчев.