Ѓорчев за „24 Анализа“: Позициите на Грција и Бугарија се познати, тие се договараат околу Македонија околу сите прашања

Што сакаат да постигнат Радев и Мицотакис? Истото со години што го прават како членови на квадрилатералата Бугарија-Грција-Србија-Романија и имаат многу пати годишни средби, кадешто тие разговараат на теми меѓудругото и за Македонија. Оваа средба не ме изненадува пред самитот во Вашингтон. Позициите на Грција и Бугарија се познати. Тие се договараат околу Македонија околу сите прашања и пред и по потпишувањето на договорите како членки на ЕУ кои имаат соодветен интерес за нивните национални погледи во однос на нашата држава. Не се работи за нешто што е спротивно дека Македонија го крши договорот во однос на Бугарија, се работи за различно гледање како тој се применува. Сега имаме помала соработка од порано во многу области. Опаѓа и туризмот. А, во однос на Грција, ставот на Грција е дискутабилен. - вели за „24 Анализа“ Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија.