Ѓорчев за 24 анализа: Македонија и Бугарија ќе седнат на маса со поддршка на САД
Поранешниот амбасадор, Марјан Ѓорчев во 24 анализа рече дека Македонија и Бугарија ќе седнат на иста маса со поддршка на САД бидејќи републиканците имаат помек пристап кон нас. Според него за да се постигне добар билатерален договор потребно е да се надминат стереотипите од минатото.
„Ние сега имаме можност преку администрацијата на Доналд Трамп, бидејќи републиканците имаат помек пристап кон Македонија и чекорењето напред. Тука лежи одговорот на прашањето дека ќе седнат на маса и едните и другите со поддршка на САД и Европа. И Бугтарите ќе седнат на маса и ние, бидејќи и на Бугарија и треба Македонија и нема како да се избегне тоа, ќе се разговара“, рече Ѓорчев и додаде дека за успешен билатерален договор потребно е да сме искрени едни со други во нашите барања
Тој потенцираше и дека поддршката на САД е поради тоа што Македонија, но и Албаниоја и Бугарија се значајни за НАТО.
„Македонија, Бугарија и Албанија сме северното крило на јужниот блок на НАТО и ако ние сакаме да направиме поврзување од Валона и Драч до Варна и Бургаз треба сите заедно во еден заеднички работен тим, помогнати од САД и Брисел да седнеме и да ги видеме нашите облигации, Бугарските облигации и Албанските облигации и со заеднички сили тоа да го направиме“, изјави Ѓорчев.
Ѓорчев додаде и дека преговарачките рамки треба секогаш да се менуваат бијдеќи Европа подразбира единство во различностите и за националните прашања на треба да се преговара.