Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на силниот ИТФ турнир во Белинцона, Швајцарија.
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите, како и првото коло, а во осминафиналната пресметка денеска ја победи италијанката Лукреција Стефанини во три сета.
Лина го загуби првиот со 6-1, но направи комплетен кам-бек и со 6-3, 6-0 дојде до победа. Во следното коло противничка на нашата тенисерка ќе и биде уште една Италијанка Лисија Бронцети.
0 Коментари