Орбан свика состанок на Советот за одбрана на Унгарија поради војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утринава свика состанок на Советот за одбрана на кој ќе се разговара за ескалација на конфликтот во Украина, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси.
На состанокот Орбан рече дека иако примирјето и мировните преговори треба да бидат приоритет, борбите во руско-украинската војна се разгореле во текот на ноќта.
- Наш приоритет ќе продолжи да биде унгарската безбедност, рекол Орбан, цитиран од Хаваси.
На средбата присуствуваа министерот за одбрана Кристоф Салај-Бобровнички, министерот за полиција Шантор Пинтер, секретарот на Владата Антал Роган и началникот на Генералштабот на унгарската армија Габор Боронди.