Орбан: Сигурни сме дека можеме да се договориме со Ердоган
Foto

Орбан: Сигурни сме дека можеме да се договориме со Ердоган

Турција игра клучна улога во запирањето милиони мигранти на патот кон Унгарија и Европа, иако унгарската опозиција тоа не може или не сака да го разбере, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервјуто по посетата на Реџеп Тајип Ердоган на Будимпешта, Орбан оцени дека секаков обид за отстранување на турскиот претседател би бил во интерес на „миграциските сили“.

– Подривајќи ја силата, рамнотежата, безбедноста, доверливоста и редот на Турција, промиграциските сили сакаат да го остварат својот сон за тоа милиони мигранти да ја преплават Европа, оцени орбан, дополнувајќи дека американскиот милијардер Џорџ Сорос зацртал таква цел со образложение дека на Европа и е потребен прилив од милион мигранти годишно.

– Се додека Ердоган е на власт и Европа може да постигне договор со него, тој ќе ги отвора портите на Сирија, а не кон Европа. До сега сме на безбедно, истакна Орбан.

 

Ердоган за време на посетата на Будимпешта рече дека Турција ќе биде принудена да ја отвори вратата кон Европа за сириските бегалци, доколку Брисел не и даде на Анкара доволно поддршка.

0 Коментари

Остави коментари