Орбан одобри мега провладин медиумски конгломерат
Foto

Орбан одобри мега провладин медиумски конгломерат

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде зелено светло за создавање на огромен провладин медиумски конгломерат во земјата. Сопствениците на околу 500 унгарски национални и локални медиуми, сите отворено провладини, во координирана акција ги подарија своите компании на поранешен пратеник од владејачката партија ФИДЕС, Габор Лискај. Унгарскиот премиер при потпишувањето на указот истакна дека тој е од стратешко значење за општетсвениот интерес. Сите медиуми ќе бидат под контрола на фирмата „Централноевропска фондација за печат и медиуми“ од каде велат дека имаат за цел да се грижи за зачувување на националните вредности. Подарокот или донацијата не подразбира парични трансакции, па така нема да биде платен ниту данок. Голем број на унгарски новинари како и меѓународни експерти го осудија формирањерто на конгломератот наверувајќи притоа дека тој ќе има големо влијание врз слободата на новинарите.

„Неизбалансираните медиуми беа креирани одамна. Ова е само последната капка, ратификација на централизацијата во оваа десничарска медиумска империја. Со ова, тие креираа неверојатно голем центар за рекламирање кој се до сега, поради правилата на пазарот, не беше дозволено да се формира.“ - вели Питер Краус, специјалист за политика во медиуми.

По доаѓањето на Орбан на власт во Унгарија во 2010 година, државните медиуми застанаа во одбрана на власта, а голем дел од приватните медиуми беа преземени од луѓе блиски до владејачките структури. Според Репортери без граници, Унгарија во 2010 година беше на 23 место по медиумските слободи, додека годинава е на 73 место. Меѓународните набљудувачи на медиумските слободи наведуваат дека во 2015 година Владата на Орбан беше поддржувана од 31 медиум, додека сега имаат поддршка од 500.

0 Коментари

Остави коментари