Орбан негира дека се сретнал со Груевски во неговата вила во Будимпешта
Foto

Орбан негира дека се сретнал со Груевски во неговата вила во Будимпешта

Постапката за азил за Никола Груевски е во тек. Но овие постапки во принцип се доверливи, тврдат унгарските власти откако вчера Никола Груевски пријави дека е пристигнат во Будимпешта и бара азил. Шефот на унгарската дипломатија Петар Сијарто, на прес конференција не одговори и покрај инсистирањето на новинарите, како Никола Груевски стигнал во Унгарија без пасош.

„Претпоставувам дека предметот е во постапка за азил. Дотогаш, не можам да ви дадам повеќе информации. Намам право ниту овластување да споделам информации за тековна постапка за азил“. - изјави Петар Сијарто – министер за надворешни работи на Унгарија.

Лажна вест се информациите дека бегалецот Никола Груевски бил во вилата на премиерот Виктор Орбан. Вака реагираа од кабинетот на унгарскиот премиер, демантирајќи ги информациите на унгарските портали дека Орбан имал средба со Груевски во домот на унгарскиот премиер.

„Премиерот отиде дома вчера, се сретна со лицата Флора и Роза, но не и со човекот кого што го именувавте. Значи информацијата треба да се класифицира како „патка“,

И додека унгарските медиуми во шега пишуваат за бегството на Груевски во Будимпешта, владата на Орбан засега не открива како поранешниот македонски премиер, без пасош стигнал на нивна територија. Од друга страна јавноста во Унгарија смета дека приемот на Груевски од страна на Орбан воопшто не е наивна вест и може да го чини унгарскиот премиер многу.

Сметам дека овој потег на Орбан не може да се оправда. Во минатото Орбан се обиде да биде во добри односи со ЕУ со НАТО и Русија во исто време и во минатото можеше да го направи тоа, но сега сметам дека ова е пресртница. Не знаеме каде би можел да биде Груевски, но не би можел да влезе легално во Унгарија затоа што нема македонски пасош. Ако си од Македонија ти треба валиден пасош за да влезеш легално во Унгарија.“ - вели Акос Келер Аланд – новинар на Маѓар Наранц.

Ова е прв случај на личност од ваков габарит, поранешен премиер кој веќе е осуден и против кого се водат многу постапки да влезе во Унгарија и да бара азил. Сепак неговиот статус процедурално гледано не е поразличен од други баратели.

Не постои разлика доколку некој е Никола Груевски или бегалец од Сирија или Авганистан. Законската процедура за добивање азил е иста за сите.“ - вели Акос Келер Аланд.

Согласно унгарските закони, Груевски морал најпрво да биде задржан во еден од т. н. транзитни центри за баратели на азил. Доколку влегол во земјата од Србија, тогаш според унгарскиот закон, морал да биде вратен таму.

0 Коментари

Остави коментари