ОРАТОРСКИТЕ ВЕЧЕРИ „ИВО ПУХАН“ ВО ЗНАКОТ НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ И ЕВРОАТЛАНСКИТЕ АСПИРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА
Foto

ОРАТОРСКИТЕ ВЕЧЕРИ „ИВО ПУХАН“ ВО ЗНАКОТ НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ И ЕВРОАТЛАНСКИТЕ АСПИРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

Нема слобода, ако судската власт е зависна од законодавната и од извршната власт со овие зборови овогодинешниот победник Нинослав Нанкво на 22те ораторски вечери „ Иво Пухан “ го започна својот говор посветен на црните тоги потсетувајќи судиите и јавните обвинители на големиот Монтескје. Нанков преку својот говор се осврна на целиот судски систем и со конкретни пораки до фелата на кои им препорача да го препрочитаат уште еднаш кодексот на судска етика.

„Потребни се судии кои доследно и доблесно ќе ја извршуваат професијата која е идеална за студентите по право“. - вели Нинослав Нанков – победник на ораторските вечери „ Иво Пухан “

Додека младите чекаат шанса, оние кои треба да им ја овозможат, мудруваат.. Сите избегаа: мајсторите, докторите па дури и бившиот премиер.

„Сите избегаа, мајсторите, студентите, докторите, бившиот премиер .. дали ние ја промашивме државата или пак државата не промаши нас?! - вели Марија Китаноска – студентка.

НАТО нема да ја смени перспективата, ЕУ нема да ни ги реши проблемите само ќе донесе нови закони кои нема да се почитуваат поентираше второнаградениот оратор Стефан Солев кој низ призмата на Преспанскиот договор упати остра критика кон креаторите на политиките во Македонија.

Не смееме да заборавиме дека мирот е доблест на цивилизираното општество. Љубовта кон оваа земја, не треба да биде борба за моќ, туку поттик за меѓусебно разбирање зборуваше Етина Ливарека која заедно со Моника Пеичева ја понесоа третата награда. Пеичева која покрај третата награда ја доби и специјалната наградата „ Бранко Ѓорчев “ а во својот говор целосно се посвети на барањата за родова еднаквост и родова рамноправност.

Публиката во амфитеатарот на Правниот факултет „ Јустинијан Први “ имаше можност да ги слушне младите оратори со нивните импресивни говори и пораки за актуелните општествени и полтички проблеми.

0 Коментари

Остави коментари