Ѓорѓиевски ретерира за Кацаров: Тој е само привремено решение, за директор на Универзална ќе има нов оглас

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски се повлече од одлуката за прв човек на Универзална сала да го постави водителот Миро Кацаров и сега вели дека тој е само привремено решение. Тој ова го изјави по реакциите во јавноста откако Кацаров беше назначен да раководи со Универзална, за кого Ѓорѓиевски вели дека донел таква одлука затоа што пропаднал огласот кој претходно бил распишан.