Ѓорѓиевски: Не ретерирав за дивиот пешачки премин кај Бит пазар, туку видов искрено барање кај граѓаните да се регулира просторот
Дивиот пешачки премин кај Бит пазар и натаму останува отворен, а пешаци се уште ја преминуваат улицата на сопствен ризик.
Пред само четири дена автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски допрва ќе одлучува што ќе се преземе откако граѓани протестираа кога сакаше да го затвори нелегалниот премин. На денешнат седница Ѓорѓиевски рече дека не ретерира од решавање на проблемот но дека финалната одлука ќе ја носи со граѓаните.

