Ѓорѓиевски најави кривични пријави за Арсовска, таа тврди дека се е чисто

Првиот обвинител Љупчо Коцевски со ветер во грб на градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски со порака доколку има докази за злоупотреби во скопските јавни претпријатија да ги достави до обвинителството за соодветно постапување. 

Новоизбраниот градоначалник Ѓорѓиевски откри дека претпријатијата доспеале долг над 300 милиони евра многу повеќе од очекуваните 200 милиони, Ѓорѓиевски не исклѕучи да поднесе пријави .

Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на град Скопје

- Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме. За тоа се знаело и порано, но изгледа немало храброст да се преземат чекори. Нема да имам толеранција кон таквите работи. Не се работи за три дена, туку за месеци, па дури и години, луѓе на платен список без да доаѓаат на работа.

И неговата претходничка Данела Арсовска се огласи на социјалните мрежи со барање да се објават сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи, со повик на дебата и соочување со аргументи.

Данела Арсовска – Поранешен градоначалниик на град Скопје

- Ајде градоначалниик да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми. Со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа. Три години за корка леб одеа на работа а ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Ако сакаш да соочиш аргументи ајде на дебата, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.

Во Паркови и Зеленило, Комунална Хигиена, Водовод и Канализација, Дрисла и другите јавни претпријатија во Скопје се појавувале различни профили на работници, луѓе кои фигурилале на платните списоци а не се појавувале на работа уверува Ѓорѓиевски а правните тимови ги анализираат можностите за враќање на парите но и одговорност за раководителите на сектори и директори.