Ѓорѓиевски: МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното
Foto

Ѓорѓиевски: МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното

„Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе. Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта. Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба“.

Ова денеска на прес-конференција пред МВР го изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека „Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа са му извадат еден бубрег и слезина. Луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата. Ова е вистински одраз на хаосот што владее во Македонија. Веќе никој не е безбеден од овие бандити на власт“.

„Убијци и криминалци се шетаат на слобода, додека патриоти и невини граѓани лежат во затвор. Убиецот на младиот Мартин Јанушев не е затворен и две години по бруталната егзекуција. Не се во затвор ниту убијците кои на Рузвелтова, среде Скопје стрелаа со калашникови и одзедоа два човечки живота“.

0 Коментари

Остави коментари