Ѓорѓиевски: Има пропусти, но наскоро стигнуваат нови камиони на собирање смет
Европската комисија во 2023 година донесе одлука градот Скопје во 2028 година да ја носи титулата Европска престолнина на културата, до тогаш постојат уште неполни 2 години. Mеѓу прашањата кои се отвараат се и тие дали градот ќе успее да се исчисти од секојдневието проследено со ѓубре но и дали култната Универзална сала конечно ќе ги пречека своите гости после догло време откако се запали.
По однос на реакциите на граѓаните дека се уште има преполни контејнери со ѓубре, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека има одредени пропусти посочувајќи дека проблемот е во старата механизација и недоволниот број возила што ги наследиле.
СДСМ контра градоначалникот,Орце Ѓорѓиевски.Oбвинуваат дека власта дели милиони на омилените фирми а Скопје и понатаму е во хаос.
Додека се бара чаре за ѓубрето по Скопје, министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека Универзална сала ќе биде готова до крајот на следната година.
Претходно,шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас рече дека титулата Европска престолнина на културата е една од најсилните европски иницијативи за поврзување на културата, демократијата и урбаниот развој. Според него, Скопје има уште многу работа пред себе, но изрази поддршка за досегашниот напредок.

