Ѓорѓиевски: Фирма на таткото на доскорешен советник на Спасовски доби тендер за технички преглед на моторни возила
Foto

Ѓорѓиевски: Фирма на таткото на доскорешен советник на Спасовски доби тендер за технички преглед на моторни возила

„ПИН ПЕТРОЛ, фирма која отвори бензинска, а камен темелник фрлаше Оливер Спасовски, си доби тендер за технички преглед на моторни возила. ПИН ПЕТРОЛ е сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски.

Неговиот татко е главен финансиер на СДСМ Куманово. Ова е извадок од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, од каде се гледа дека МВР после лиценцата му дала и тендер на татко на Петрушевски за отворање на технички преглед за моторни возила. Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

0 Коментари

Остави коментари