Ѓорѓе Давид се врати во Србија откако прегази жена кај Табановце
Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, се вратил во Србија - известуваат српските медиуми, откако на 20 јануари на пат кон Табановце во Македонија прегази и усмрти жена која излегла од својот автомобил по претходен инцидент со друго возило.
Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.