Оптимизам во димпломатските кругови на Брисел: Решение на спорот летово?
Низ дипломатски кругови во Брисел се шири информацијата дека спорот меѓу Македонија и Бугарија ќе биде решен пред летниот одмор на европските институции. Клемен Грошељ, европратеник од Словенија во изјава за телевизија 24 вели дека во Европскиот Парламент постои нетрпение кон бугарските ставови и порачува дека Бугарија е веќе под голем притисок. Она што ги загрижува во Брисел е можното идно раздвојување на пакетот Македонија и Албанија, кое според Грошељ, Европарламентот нема да го дозволи.
Клемен Грошељ европратеник Словенија – Овде во Брисел сите се надеваат дека овој проблем меѓу односите Бугарија и Северна Македонија ќе биде решен пред летниот одмор и пред парламентарниот одмор. Португалската дипломатија работи цело време. Тука го имаме тоа што е на отворена сцена, но она што е важно е тоа што ние Словенците велиме дека се работи на тивка дипломатија. Јас мислам дека тука ќе дојде до решението кое сите го бараме. Знаеме дека Бугарија има сега парламентарни избори, но секогаш има некаде избори и тоа не мораме да го прифатиме.
Несомнено дека во европската престолнина Брисел, се работи за одредено модифицирање и спроведување на португалскиот предлог, но спорот меѓу Скопје и Софија мора да се гледа на долгорочен план, порачуваат експертите.
Симонида Кацарска директорка на Институтот за европска политика ЕПИ 1.53мин- Дури и да се најде формула за откочување на преговорите сега, ние можеме да очекуваме, дали ќе се работи за патоказ поврзан со самиот договор или друга форма на документ, исклучително е важно тоа да не биде дополнителна алатка за Бугарија да не закочи во процесот. Бугарија го има тоа право, но сметам дека има одредена граница до која можеме да го легитимизираме тоа право.
Јавноста чека уште еден потенцијален датум на следниот европски собир на 24 и 25 јуни, но долгото чекање пред европската врата, во Македонија го намали интензитетот на оптимизам. Неполн месец не дели од отворањето на прашањето за проширување за време на Европскиот Совет, а освен Бугарија сите земји членки изразуваат отворена поддршка кон Македонија.