Општините се жалат на високи сметки за струја

Почнаа да пристигнуваат зголемените сметки за струја во општините. Декемвриската сметка на Свети Николе за три и пол пати повисока од претходно. Градоначалникот вели лани за цела година биле потрошени 3,5 милиони денари, годинава предвиделе 10, но можено е да се прави и ребаланс на буџетот.

Тешко ќе може да издржат без подршка од државата. 

Свети Николе е една од општините и комуналните претпријатија на кои добавувачот на електрична енергија еднострано во ист ден им ги раскина договорите. Иако тие имаат законска можност да тужат, општините и комуналните претпријатија тоа нема да го сторат бидејќи голем дел од нив должат и по неколку рати. Таква е состојбата во Карбинци, каде комуналното претпријатие има долг од 17 милиони денари, а со нова цена тешко ќе може да ја платат тековната сметка и ратата за стартиот наследен долг, но засега не се размислува за повисоки цени на комуналните услуги.

Новите тендери за набавка на струја се во тек за повеќе општини, училишта, комунални претпријатија. Очекувањата се дека годинава поголем дел од буџетите ќе одат за оваа ставка. Од Владата претходно рекоа дека не може да се мешаат во либерализираниот пазар на струја, но се прават разговори за заштитена цена за малите потрошувачи.