Општините потрошиле 40 проценти помалку пари за украсување за 2021 година од 2020
Foto

Општините потрошиле 40 проценти помалку пари за украсување за 2021 година од 2020

За украсување на град скопје и уште 15 други општини во земјава за новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е за 40 проценти помалку од лани, се вели во соопштението на Центарот за граѓански комуникации кој денеска ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.

Од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. Вкупно 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а три општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.

Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.

0 Коментари

Остави коментари