Општините немаат план Б, доколку владата не го прифати нивниот предлог да им ги субвенционира сметките за струја
Foto

Општините немаат план Б, доколку владата не го прифати нивниот предлог да им ги субвенционира сметките за струја

Општините немаат план Б, доколку Владата не го прифати нивниот предлог да им ги субвернционира сметките за струја.

Само за последните два месеци тие потрошиле или ќе мораат да трошат пари од други програми, планирани за инфраструктурни проекти, за да ги покријат високите сметки за електрична енергија. Градоначалникот на Велес Марко Колев вели дека во опасност се предвидените изградби на патишта и улици за годинава, оти сега сите пари одат за струја.

Енергетската криза ги погоди и јавните комунални претпријатија. Во најтешка состојба е штипски Исар, кој веќе има долг од половина милион евра за струја. Поради ова, трговецот кој го сабдувал претпријатието го раскина договорот, па сега сметките за електрична енергија од ЕВН хоум им се четири пати повисоки.

Директорот на Исар Трајче Здравков вели дека поради нестабилната цена на струјата, приватните добавувачи не се јавуваат на тендерите за снабдување, но по 90 дена, јавното претпријатие мора повторно да се врати на слободниот пазар на електрична енергија.

Енергетската криза посебно ги погоди големите потрошувачи кои се снабдуваат со струја на слободниот пазар. Освен општините и јавните претпријатија, тука се и големите приватни компании. Владата веќе формирала тим, кој ќе ги разгледува барањата на општините за субвенционирање на разликата во сметките за струја, што е едно од барањата на ЗЕЛС изнесени вчера.

0 Коментари

Остави коментари