Општините најмногу аплицирале со инфраструктурни и еколошки проекти

До крајот на неделава треба да се знае кои проекти на локално ниво ќе се финанрсираат со буџетски пари, на јавниот повик се пријавиле 80 општини со 358 проекти.

А најголем дел од проектите се за за реновирање и изградба на патишта како и подобрување на канализациона и водоводна инфраструктура. 

„За жал граѓаните највеќе се жалат на недостапност на услуги кои што би требале да ги добиваат од јавните институции и тука ние пробуваме да најдеме ршение да видиме што е проблемот зошто тоа не се спровело во суштина луѓето бараат основни потреби не се обраќаат со некаква квантна физика која што би го нарушила системот или за кои што треба посебен ангажман тоа се потреби кои што локалните и централните власти до сега за жал не ги земале во предвид.“ - Златко перински министер за локална самоуправа.

Од СДСМ обвинуваат дека министерот Перински се кити со наследни проекти од времето на СДСМ кои се реализираат на годишно ниво.

„100 дена Влада на Мицкоски и ДПМНЕ е период во којшто не беше реализиран ниту еден конкретен проект. Освен враќањето на оградата пред Владата и споменикот на Ќосето, друго нема. Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата на Мицкоски се најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, кои оваа година нема да се реализираат.“ - СДСМ.

Граѓаните со поделени мислења, дел сметаат дека треба да се подобри инфраструктурата, дел да се подобри животната средина и градскиот превоз. 

„Да се подобри инфраструктурата во општините и да се обрне повеќе внимание на зеленилото, нема трева има повеќе прашина што ние ја голтаме.“

„Каде се тие што ги испримија ни чистачка има да чисти никој и ништо.“

„Да се подобри градскиот превоз, да се вработат повеќе луѓе за да биде градот почист.“

„Општините се релативно заглавени, немаат доволно пари, тука е добро во Аеродром во овие скопски Општини што се побогати е подобро.“

Град Скопје аплицирал за 100милиони евра проекти, дел одма се дисквалификувани но, министерот за ТВ 24 тврди дека нема да има одмазда и реваншизам и оние проекти кои ќе бидат издржани ќе добијат и подршка. Дел од експретите веќе предупредија на зголемена внимателност и контрола за распределбата на следните 250милиони евра кои ќе се инјектираат во очи на изборната 2025 година