Општините лани спровеле јавни набавки во вредност од 97 милиони евра
Вредноста на јавните набавки на општините во минатата година изнесува 97 милиони евра, што е за 17 милиони евра, односно за 21 отсто повеќе од 2017 година, покажува базата на податоци за општинските тендери за 2018 година, што ја објави денеска центарот за граѓански комуникации...
На врвот според договорите за јавни набавки останува град скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 отсто, односно за 4,2 милиони евра... Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра.