Општината Охрид го спасува охридскиот маратон

Охридски пливачки маратон годинава, сепак, ќе има. Општина Охрид ќе го преземе организирањето на манифестацијата, со поддршка на локални спонзори, Агенцијата за млади и спорт и граѓани кои веќе се понудија да донираат финансиски средства само да не се дозволи згасување на оваа спортска манифестација која годинава одбележува 60 годишен јубилеј.

Се бара начин да се обезбедат 50 илјади евра, колку што се неопходни за да се организира манифестацијата, а треба да се подмират и трошоците за наградниот фонд за пливачите, кои што наводно не биле исплаќани неколку години наназад.

Пецаков најави и дека од следната година Општина Охрид целосно ја презема организацијата на маратонот.

Јавноста е на нозе откако вчера претседателот Пендаровски ссоопшти дека поради блокирана сметка и долгови на федерацијата се откажува одржувањето на маратонот. Граѓаните на социјалните мрежи остро го осудуваат недомаќинското работење на организаторите кои дозволиле низ годините да се натрупаат долгови и да се блокира сметката, срамно и недозволиво е велат да згасне традиција која е еден од главните белези на градот.