Општина Охрид и општинските претпријатија тонат во долгови

Речиси двојно пораснал долготт на Општина Охрид од 2019 та година досега, и сега изнесува 857 милиони денари за разлика од пред две години кога со помош на Владата истиот беше намален на 530 милиони денари информиrаше денеска gрадоначалникот Пецаков кој вели дека само сега во предизбориetо долгот скокнал за 8 милиони евра.

Тој обвини за недомаќинско работење.

Во големи долгови тонат и општинските претпријатија. Најзадолжено е ЈП „Водовод“ со 309 милиони денари долг, од кои 244 милиони кон новоформираното ЈП „Колектор“. Следуваат ЈП „Билјанини извори“, со долг од 78 милиони денари, потоа „Охридски комуналец“ со 60 милиони денари, па „Нискоградба“ со 46 милиони денари, „Градски пазар“ до 2,4 милиони денари и „Градски гробишта“ со околу милион денари.

По основ на склучени договори Општината должи 66 милиони денари, околу милион евра треба да се платат за договори што се реализирани, делумно реализирани или воопшто не е почната нивна реализација. Според ова општина Охрид и понатаму е меѓу најзадолжените општини во земјава.