Општина Чаир распиша тендер за сувенири, украсни камења, дрвени привезоци

Општина Чаир, во време на криза, распиша тендер за сувенири, чаши, привезоци, украсни камења. објавениот тендер е за изработка на леени фигури ама само на албански значајни личности како „Скендербег“, „Саат кула“ и „Хасан приштина“, сите гравирани од алуминиум.

Во тендерот кој е објавен на веб страницата на општината, се бара да се купат и 1.000 столици, над 500 чаши и шишиња сувенири, сите гравирани со логото на општина Чаир. На листата се и дрвени привезоци, украсни камења.

Сепак во тендерот никаде не пишува колку пари на чаирcи ќе бидат потрошени за набавка на овие сувенири. Градоначалникот Висар Ганиу не одговараше на телефонските повици, а од општината велат дека ќе одговорат во понеделник. инаку тендерот ќе биде отворен додека на него не се јави најповолен понудувач.